• сабота, 23 ноември 2024

Алушовски ги одбра ракометарите за претстојната сезона

Алушовски ги одбра ракометарите за претстојната сезона
Скопје, 3 август 2020 (МИА) - Тренерот на Вардар 1961, Стевче Алушовски одбра кои ракометари ќе останат да тренираат со првиот тим. Тие продолжуваат со подготовките во Скопје и планирано е да настапат на турнир во Струга од 12 до 16 август, соопштија од клубот. Алушовски реши со првиот тим да тренираат и Мартин Карапалевски, Давид Гашоски и Давид Савревски. Другите ќе бидат отстапени во тимот на Работнички каде тренер ќе биде Стојан Петрушевски. Таму уште ќе играат: Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и Давид Саревски. Младиот Саревски ќе тренира со првиот тим на Вардар, а ќе настапува за Работнички. Во сезоната 2020/2021 тимот на Вардар 1961 ќе го сочинуваат: ГОЛМАНИ Борко Ристовски Робин Кантагрел Марко Кизиќ ПИВОТМЕНИ Стојанче Стоилов Глеб Калараш Давид Гашоски Патрик Валчак КРИЛА Димитар Димитриоски Тимур Дибиров Гоце Георгиевски Иван Чупиќ БЕКОВИ Мартин Карапалевски Кристијан Дисингер Филип Талески Анте Гаџа Томислав Јагуриновски Марко Вујин Јосип Векиќ Давид Савревски Ловро Јотиќ Марко Мишевски

Тагови

Остани поврзан