• сабота, 23 ноември 2024

Алтернатива, Беса и ДД ги почнаа активностите за Денот на албанското знаме

Алтернатива, Беса и ДД ги почнаа активностите за Денот на албанското знаме

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Со положување цвеќе пред споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија, лидерите на трите партии од албанската опозиција, Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса и Изет Меџити од Демократско движење, заедно со Лорис Кастриота, потомецот на албанскиот херој, Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, денеска ги започнаа активностите за одбележување на „28 Ноември - Денот на албанското знаме“.

-Тука со нас е и правнукот на Ѓерѓ Кастриот Скендербеу, Лорис Кастриота, кој денеска не почести и заедно сме тука, рече лидерот на Демократско движење, Изет Меџити.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, во присуство на граѓани од оваа општина како и претставници од амбасадите на Албанија и Косово, како и на Лорис Кастриота, исто така во пресрет на „28 Ноември - Денот на албанското знаме“ денеска ја преименуваше улицата „Вуковарска“ на територијата на оваа општина во „28 Ноември“.

Ганиу рече дека ова симболично име е едно од 66-те најнови имиња на улици на територијата на општина Чаир.

Во Тетово утре ќе се потпише и декларацијата на опозициската коалиција „Европски Сојуз за Промени“ на трите партии, односно Алтернатива, Движењето Беса и Демократското движење, токму на денот на големиот празник на Албанците. сх/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан