• петок, 05 декември 2025

Алмеида нoв тренер на Севиља

Алмеида нoв тренер на Севиља

 

Севиља, 16 јуни 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан