• вторник, 24 декември 2024

Ал-Малики: Палестинската управа е единствената легитимна власт што може да управува со Газа по конфликтот

Ал-Малики: Палестинската управа е единствената легитимна власт што може да управува со Газа по конфликтот

Анталија, 2 март 2024 (МИА) – Шефот на палестинската дипломатија Ријад ал-Малики, денеска, од дипломатскиот форум во Анталија, кажа дека палестинските власти на Западниот Брег (Палестинска управа) се надеваат дека прекинот на огнот во Појасот Газа ќе биде договорен до Рамазан.

Малики кажа дека Палестинската управа (ПА) ќе биде „единствената легитимна власт“ што може да управува со Газа по завршувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

ПА, која има само ограничена самоуправа во деловите на Западниот Брег, окупирани од Израел, ја загуби контролата врз Појасот Газа во 2007 година, кога беше преземена од милитантната група Хамас, пренесуваат британските медиуми.

Израел и Хамас преговараат преку посредници за можен прекин на огнот во Газа, со цел да се стави крај на борбите навреме за Рамазан, муслиманскиот месец на постот, што почнува оваа година на 10 март.

Британските медиуми пренесуваат дека уште во Каиро ќе продолжат преговорите за воспоставување подолготраен прекин на огнот за време на светиот месец Рамазан. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан