• среда, 25 декември 2024

Ал-Келаифи: Мојата цел е да имам само парижани во нашиот клуб

Ал-Келаифи: Мојата цел е да имам само парижани во нашиот клуб
Париз, 22 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи зборуваше за неговите цели. Тој сака во клубот да играат само парижани. - Мојата цел во следните неколку години е само парижани да играат во нашиот клуб. Најдобрите во нашиот регион заслужуваат да играат за ПСЖ. Ова е целта, изјави Ал-Келаифи за „Le Parisien“. Првиот човек на францускиот фудбалски шампион демантира било какви преговори со 49-годишниот тренер Зинедин Зидан. - Воопшто не преговаравме со Зидан. Немаше контакти ниту директно, ниту преку трети лица. Многу клубови се заинтересирани за неговата покана, вклучително и репрезентации, но ние никогаш не сме комуницирале со него, додаде Ал-Келаифи. Претходно се пишуваше дека Зидан би можел да го води ПСЖ, но на крајот парискиот клуб реши да го назначи за тренер Кристоф Галтие од Ница. ПСЖ минатата сезона го освои францускиот шампионат, но не успеа д атриумфира во Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан