• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкараз ја објасни одлуката да се повлече од турнирот во Торонто

Алкараз ја објасни одлуката да се повлече од турнирот во Торонто

Мадрид, 22 јули 2025 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја објави својата одлука да се повлече од турнирот АТП 1000 во Торонто. 

Вториот светски тенисер како причина го наведе зафатениот распоред и заморот.

- По многу недели натпреварување по ред без одмор, нема да можам да се натпреварувам во Торонто оваа година. Имам некои мали мускулни проблеми, треба да закрепнам физички и психички за идните натпревари. Многу ми е жал што нема да можам да се сретнам со навивачите во Торонто. Се гледаме следната година! - напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Претходно стана познато дека тенисерите од топ 10 - Италијанецот Јаник Синер, Србинот Новак Ѓоковиќ и Британецот Џек Дрејпер ги откажаа настапите.

Турнирот во Торонто ќе се одржи од 26 јули до 7 август. Минатата година, Алкараз исто така го пропушти овој канадскиот турнир. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан