Алкараз: Се надевам дека ќе можам да ја достигнам возраста на Ѓоковиќ, предизвикувајќи ја следната генерација
- Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, ги сподели своите замисли за можноста да игра на нивото на Новак Ѓоковиќ на 38 години.
Мадрид, 3 февруари 2026 (МИА) - Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, ги сподели своите замисли за можноста да игра на нивото на Новак Ѓоковиќ на 38 години.
Во финалето на Австралија опен 2026, во неделата, 22-годишниот шпански тенисер го победи Србинот со 2:6, 6:2, 6:3 и 7:5.
-Се надевам дека ќе можам да ги достигнам неговите години, предизвикувајќи ја следната генерација и играјќи финалиња на Грен слем, изјави Алкараз за „Марка“.
Титулата во Мелбурн беше историска за 22-годишниот Алкараз - тој го комплетира комплетот трофеи од Грен слемовите, освојувајќи ги сите четири турнири, станувајќи најмладиот човек што го постигнал овој подвиг во историјата на машката поединечна конкуренција.
Претходно освои две титули на Ролан Гарос, Вимблдон и Отвореното првенство на САД.
Шпанскиот тенисер веќе има 25 АТП титули и олимписки сребрен медал (2024). зс/
Фото: ЕПА