Алкараз прв полуфиналист во Рим
- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот полуфиналист на турнирот АТП Мастерс 1000 на земјена подлога во Рим, откако попладнево во четвртфиналето го победи Британецот Џек Дрејпер со 6-4, 6-4.

Рим, 14 мај 2025 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот полуфиналист на турнирот АТП Мастерс 1000 на земјена подлога во Рим, откако попладнево во четвртфиналето го победи Британецот Џек Дрејпер со 6-4, 6-4.
Алкараз со ова му се реваншираше на Британецот за неодамнешниот пораз во Индијан Велс, каде Дрејпер беше поуспешен од Шпанецот во полуфиналето, а подоцна го освои и турнирот од серијата Мастерс 1000.
Во полуфиналето, 21-годишниот Алкараз го чека победникот од вториот четвртфинален натпревар денеска меѓу Германецот Александар Зверев и Италијанецот Лоренцо Мусети.
Преостанатите два четвртфинални дуели Јаник Синер – Каспер Руд и Хуберт Хуркач – Томи Пол ќе се играат в четврток. ег
ФОТО: Фејсбук