• среда, 02 октомври 2024

Алкараз подобар од Кун во Хамбург

Алкараз подобар од Кун во Хамбург
Хамбург, 19 јули 2022 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз извојува победа од 3-6, 6-1, 7-6 (3) над германецот Никола Кун во првата рунда од турнирот во Хамбург. - Беше многу тешко, но тоа се случува на првите игри од скоро секој турнир. Дојдов тука од турнир на трева и разликата е огромна. Задоволен сум што се квалификував за следната рунда и се надевам дека ќе настапам подобро, рече Алкараз. Следниот меч на Шпанецот е против Србинот Филип Крајиновиќ, кој го совлада Себастијан Баез со 6-1, 4-6, 7-6 (6). Аслан Карацев, исто така, освои место во следната рунда совладувајќи го Николоз Басилашвили со 6-4, 6-0. ар/бак/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан