• четврток, 07 ноември 2024

Али Ахмети од Сарај: Со Блерим Беџети и зелената агенда во нова мисија кон поразвиена иднина на Сарај

Али Ахмети од Сарај: Со Блерим Беџети и зелената агенда во нова мисија кон поразвиена иднина на Сарај

Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Демократската Унија за Интеграција денеска ја продолжи изборната кампања со собирот во општина Сарај, каде побара поддршка за реизборот на Блерим Беџети, како градоначалник на оваа општина и поддршка за листите на кандидати за советници во општина Сарај и Град Скопје. На жителите на Сарај им се обратија претседателот на ДУИ Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, кандидатот за градоначалник Блерим Беџети, носителот на листата на ДУИ за советници во Град Скопје Ардијан Муча и носителот на листата за советници во Сарај, Мухамед Рамадани. Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за Блерим Беџети, листите за советници предводени од Ардијан Муца за Град Скопје и Мухамед Рамадани за општина Сарај. Ахмети, меѓу другото, ја образложи важноста на зелената агенда што ја пласираше ДУИ.

-Ние се движиме кон визиите, кон иднината што ја подготвивме и се разбира, пред една година ја фрлив „бомбата“ за албанскиот премиер, па потоа втората „бомба“ за зелената агенда. Ова е добро изработен и проучен проект, таа е агендата на времето. Оваа земја мора да се изгради и ова е земјата што ќе ја оставиме како наследство на нашите потомци, но напредна и достоинствена и јас сум многу сигурен дека како што ја направивме членка на НАТО, така наскоро ќе се направиме и членка на Европската унија, изјави лидерот на ДУИ.

Груби истакна дека масовното учество на жителите на Сарај на денешниот собир е доказ за сигурната победа на Блерим Беџети, кој со досегашната докажана работа нема конкуренција и дека со зелената агенда ќе го продолжи патот на развојот на Сарај.

-Сите вие ќе им кажете на вашите деца дека бев придружник на Али Ахмети, му останав лојален на Али Ахмети, ги претставував политиките на Али Ахмети, бидејќи без оглед на сите проблеми што можат да ни ги предизвикаат, стојам одлучно во поддршка на националната агенда, развојната агенда, како за Устав, за знаме,за универзитет, за администрација, борба за НАТО, за Европската унија или за сите победи во последните 20 години, бидејќи Албанците му веруваат на Али Ахмети и секој сака да биде дел од кариерата, од делата, од достигнувањата на последниот преродбеник на нашата нација Али Ахмети,  рече Груби во својот говор. Кандидатот за градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, ги наброја проектите, кои се приоритети на следниот мандат за продолжување на развојните процеси во сите населени места во Сарај.

-Застанувајќи пред вас со целосна подготвеност да продолжиме да работиме заедно, ве замолувам почитувани граѓани за вашата доверба под чадорот на ДУИ и Али Ахмети, за да продолжам да ја водам општина Сарај и да бидете сигурни дека како што успеавме во овој мандат, ќе успееме и во следниот мандат и нашата општина секој ден, секој месец, секоја година ќе има подобри, понапредни и поквалитетни услови за живот, изјави Беџети. Носителот на листата за Град Скопје, Ардијан Муча, ја истакна својата максимална подготвеност да продолжи со својот работен придонес за проектите на зелената агенда.

-Повеќе паркови за моите деца и вашите деца, повеќе зеленило, помалку отпад и депонии во нашите населби, добра инфраструктура, добар живот за сите нас. Затоа, сите заедно на 17 октомври да го заокружиме бројот 3 и да ја обезбедиме победата на ДУИ, изјави Ардијан Муча. Носителот на листата на општински советници на ДУИ во општина Сарај, Мухамед Рамадани, истакна дека листата на советници на ДУИ за општина Сарај е составена од квалитетни кадар, спремен да биде ефикасен во служба на потребите на жителите на Сарај.

-Се разбира, задачата што ја презедовме е голема одговорност и не е лесна, но со најголема посветеност, сериозност и потенцијал што ги имаме, ви ветуваме дека ние како членови на Советот на општината ќе ја оправдаме вашата поддршка и доверба, истакна Рамадани. ДУИ утре ќе ја продолжи изборната кампања во општина Липково, каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник и листата на кандидати за советници, како и во Куманово каде ќе ја презентира листата на кандидати за советници. ац/

Остани поврзан