• сабота, 21 декември 2024

Алијев прогласи победа на Азербејџан во војната во Нагорно-Карабах

Алијев прогласи победа на Азербејџан во војната во Нагорно-Карабах
Баку, 11 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев денеска изјави дека заврши војната во Нагорно-Карабах. - Патриотската војна заврши. Азербејџан извојува брилијантна победа во оваа војна, нашите земји се ослободени од окупација, ние ги протеравме окупаторите од нашите земји, истакна Алијев. Во судирите во Нагорно-Карабах што почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили загинаа најмалку илјада луѓе. Досега беа потпишани четири договори за прекин на огнот, од кои најновиот беше постигнат на 10 ноември. Ерменскиот премир Никол Пашињан заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алијев усвоија трилатерална изјава за прекин на огнот во Нагорно-Карахах и предавање на регионите Калбаџар, Лачин и Агдам на Баку. Покрај тоа руски миротворци ќе бидат распоредени во Нагорно-Карабах. Поради најновиот договор за прекин на огнот во Ереван почнаа протести, а демонстрантите тврдат дека е предавство. ми/

Остани поврзан