Алијанса за иднината на Косово бара да не се укинуваат таксите за српските производи
- Членови на Алијанса за иднината на Косово (АБК), партијата на Рамуш Харадинај, денеска на оградата од зградата на косовската Влада поставија транспаренти со кои бараат да не се укинуваат такс
Приштина, 24 февруари 2020 (МИА) - Членови на Алијанса за иднината на Косово (АБК), партијата на Рамуш Харадинај, денеска на оградата од зградата на косовската Влада поставија транспаренти со кои бараат да не се укинуваат таксите за артикли од Србија.
На транспарентите пишуваше „Вратете ги исчезнатите, а не српските производи“, „Со укинување на таксите, ќе не отпуштат од работа“, „Луѓето не забораваат, Србија не поминува“.
Активистите на АКБ во дворот на Владата фрлија и кутија од „Плазма“ кекси.
АКБ и претходно бараше од Владата да не ги укинува таксите за артиклите од Србија. ми/