• сабота, 23 ноември 2024

Алијанса за Албанците: Дигиталната писменост да стане национален приоритет

Алијанса за Албанците: Дигиталната писменост да стане национален приоритет
Скопје, 20 јуни 2021 Свесни дека дигиталната писменост претставува животна вештина и соочувањето на образовниот систем со предизвикот вградување на дигитална писменост во образовниот систем како и во професионалниот развој на наставниците, ние сме загрижени од односот на Државата кон дигиталната трансформација на образованието и неспособноста за креирање на политики кои водат до здрава и реална трансформација на образованието. Денска како никогаш порано се продлабочи дигиталниот јаз помеѓу учениците во нашата Држава. Некои од нив имаат по два три дигитални уреда додека другите немаа можност да ја следат онлајн наставата заради недостиг на дигитален уред или интернет во нивните домови додека МОН не се ни обидоа да изнаоѓаат начин сите ученици да добијат иста можност за развој. Во текот на март 2020 година Владата одлучи за организирање на наставата од далечина притоа не даде никакви насоки и препораки туку со една штура информација топката ја префрли кај наставниците да се снајдат како што знаат и умеат. Сведоци бевме дека тогаш имавме голем хаос каде што едни училишта воопшто не продолжија со настава еден одреден период, други тоа го правеа преку е -пошта, телефонски повик или вибер. По одреден период МОН излезе со т.н решение и им посочи на наставниците да користат Zoom, Microsoft Teams, GoogleClassroom, Viber, Skyp но не и со кенкретен ЛМС систем. Во текот на летото 2020-та, МОН подготви Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта и ни ја продадоа како идеално решение. Денеска сме сведоци дека ЛМС системот е половично решение и недостасуваат битни нормативни форми за стандардизирање на образовниот процес, денеска имаме сеуште необучени наставници кои имаат недоволни теориски и практични педагошки знаења за настава од далечина, недоволни дигитални мултимедијални содржини , лоша ИКТ опременост на училиштата, наставниците и семејствата. Сеуште како Држава немаме водич за потребните дигитални компетенции за наставниците, и немаме стратешки план како тоа да го достигнеме. Со оглед на тоа дека Четвртата индустриска револуција веќе се одвива ние сме далеку од креирање на образование кое е компатибилно со потребите на пазарот на трудот. Нашата земја не само што не се движи по патот по кој што се многу фокусирани развиените земји за трансформација на образовниот систем туку таа воведувањето на ИКТ во образованието го гледа како технолошко прашање а не како образовно со што како предводници на овој процес наместо да се учениците, родителите, наставниците, високообразовните институции и експертите од областа ние денеска сме сведоци на арогантна комуникација на власта со јавноста особено со стручната јавност која што е тотално маргинализирана и отстранета од овој процес. Денеска слушаме приказни за мали деца како тоа дигиталните учебници се главна реформа во нашиот образовен процес а притоа не земајќи ја во предвид несоодветната инфраструктура на нашиот образовен систем (лошата електична инсталација, слаб интернет, професори кои немаат свој уред, недоволен број на компјутери во школо, необучени наставници, економска немоќ на родителите да набават уред за секое дете, родители кои немаат дигитални компетенции, ученици кои не можеа да се радуваат на своите свидетелства во крајот на учебната година коко секој врсник во регионот итн. ) Замислете, ни се продаваат големи реформи за прво и четврто одделение а се повикуваат и на дигитализација на наставата притоа го отстрануваат предметот информатика сега оваа генерација ке има само 8 часа за цела година информатика, додека во светот е тренд информатиката да се воведе од прво одделение. Бараме: 1. Дигиталната писменост да стане национален приоритет 2. Креирање на државна стратегија за персонализирање на наставата и подобрување на интерактивниот процес на учење 3. Адаптација на наставните планови со цел учениците да стекнат дигитални вештини 4. Креирање на иновативни наставни методи и начини за подобрување на дигиталните вештини кај учениците. 5. Континуирана техничка поддршка на наставниот кадар како и педагошки обуки за примена на ИКТ во образованите процеси. 6. Воведување на кодирањето во курикулумите и тоа од прво одделение, со цел новите генерации да бидат подготвени за работните позиции што ќе се појават во иднината 7. Поддршка на секоја идеа што развива иновации за употреба на ИКТ во образованието и платформи за учење во далечина. 8. Дефинирање на ИКТ стандарди за компетентност на наставниците, со утврдување на соодветни ресурси и со давање упатства за подготовка 9. Дефинирање и воведување на дигитална педагогија со јасно дефинирани соодветни алатки во наставата 10. Дефинирање на соодветен буџет за инвестиции во дигиталната инфраструктура на училиштата 11. Дефинирање на соодветен буџет за континуирана обука на наставниците 12. Ангажирање на Координатори во секое училиште за извршување на техничка и педагошка функција и менторска помош за наставниот кадар. 13. Снабдување на секој наставник со лаптоп. 14. Интерент во секоја училница 15. Креирање на стратешки план за дигиталната писменост на граѓаните. 16. Вакцинирање и ревакцинирање на наставниот кадар Алијанса за Албанците ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан