• понеделник, 23 декември 2024

Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставка, АА е единствена

Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставка, АА е единствена

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) – Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Според нив, Алијанса за Албанците (AA) е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

Како што рече Алиу, група во партијата, за нејзини цели, се здружила со ДУИ и прави отпор за АА да оди заедно со ДУИ на изборите.

И Алиу и Меџити напоменаа дека како министри постигнале одлични резултати, работеле дговорно, чесно и транспарентно и тоа, веројатно, некому му пречи.

-Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека се обидат, изјавија Алиу на прес-конференција пред Владата.

Кадровската комисија на АА попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министрите Алиу и Меџити.  мч/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан