Алисон се враќа по повредата на тетивата
- Голманот на Ливерпул, Алисон закрепна од повредата и е подготвен да игра против Жирона во Лигата на шампионите.
Ливерпул, 10 декември 2024 (МИА) - Голманот на Ливерпул, Алисон закрепна од повредата и е подготвен да игра против Жирона во Лигата на шампионите.
- Дефинитивно е убаво да се врати и повторно да биде на располагање. Алисон е толку извонреден играч за нашиот клуб толку многу години што очекуваме и се надеваме дека ќе продолжи да го прави истото во неделите и месеците што следат, рече тренерот на Ливерпул, Арне Слот на прес-конференција.
Алисон пропушти повеќе од два месеци поради повреда на тетивата што ја доби во победата од 1-0 во Премиер лигата над Кристал Палас во октомври.
Натпреварот Жирона – Ливерпул од 6. коло во Лигата на шампионите ќе се игра вечер од 18:45 часот. зс/
Фото: ЕПА