• среда, 27 ноември 2024

Алиев: Азербејџан нема цел да стане членка на ЕУ

Алиев: Азербејџан нема цел да стане членка на ЕУ

Баку, 6 декември 2023 (МИА) - Азербејџан нема цел да стане членка на Европската унија, изјави денеска претседателот на Азербејџан Илхам Алиев на форумот во Карабах, насловен „Враќање дома по 30 години. Достигнувања и тешкотии“, пренесуваат руските медиуми.

-Во својот надворешнополитички план, Азербејџан нема наведена цел да стане членка на Европската унија, рече Алиев, додавајќи дека ова е многу практична позиција бидејќи, како што тврди, Баку „таму никогаш нема да биде прифатен“ .

„Доколку Азербејџан таму не е прифатен, тогаш - зошто да тропаме на таа врата и да му пречиме на сопственикот?“, кажа претседателот Алиев, објаснувајќи дека Баку и Брисел нашле начин да воспостават соработка и да ги подобрат односите.сд/

Остани поврзан