Алекс Сандро го напушта Јувентус
- Дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро ќе го напушти клубот ова лето, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Торино, 25 мај 2024 (МИА) – Дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро ќе го напушти клубот ова лето, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Триесетитригодишниот Бразилец ќе го напушти тимот од Торино како слободен играч и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во бразилски клуб.
Сандро настапува игра за Јувентус од 2015 година, а оваа сезона дефанзивецот одигра 17 натпревари во црно-белиот дрес.
Сандро претходно настапуваше за Атлетико Параненсе, Сантос и Порто, а во дресот на бразилската репрезентација одигра 40 настпревари. ег ФОТО: Фејсбук