Алексовски победник на развојниот тениски шампионат во Анталија
- Младиот македонски тенисер Марко Алексовски постигна голем успех триумфирајќи на развојниот шампионат (до 14 години) што изминативе денови се играше во Анталија, Турција.

Анталија, 12 март 2025 (МИА) - Младиот македонски тенисер Марко Алексовски постигна голем успех триумфирајќи на развојниот шампионат (до 14 години) што изминативе денови се играше во Анталија, Турција.
Македонецот победи на вториот турнир, откако на првиот беше финалист.
Алексовски во финалето го победи Тала Емин Булут од Турција со 2-0 во сетови (7:6(2) и 6:4).
Успехот на Алексовски е исклучително важен бидејќи тој на ранг-листата „Race to Monte Carlo“ направи огромен скок за 161. место и сега се наоѓа на 72. место.
Во конкуренција на двојки Алексовски заедно со Алексеј Стојановски на вториот турнир беа полуфиналисти. зс/
Фото: МТФ