• вторник, 24 декември 2024

Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден

Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден

Дрезден, 12 мај 2024 (МИА) - На познатиот руски опозиционер, Алексеј Навални денеска постхумно ќе му биде доделена првата меѓународна награда за мир во Дрезден, јави ДПА.

Неговата сопруга Јулија Навалнаја ќе ја добие наградата, која е доделена со 10.000 евра (10.774 долари), во театарот Шауспиелхаус во источниот германски град, соопштија организаторите.

Поранешниот германски претседател, Јоаким Гаук се очекува да го одржи пофалниот говор.

Се очекува премиерно да биде изведен и реквием на рускиот композитор Сергеј Невски за Навални.

Критичарот на Кремљ и истакнат противник на претседателот Владимир Путин почина под необјаснети околности во сибирски затворски логор на 16 февруари.

Поранешните добитници на Дрезденската награда се поранешниот советски претседател Михаил Горбачов, пијанистот и диригент Даниел Баренбоим, воениот фотограф Џејмс Нахтвеј и архитектот Даниел Либескинд. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан