Алегри има понуда од 50 милиони евра договор за две години во Ал Ахли
- На Масимилијано Алегри му се нуди голем договор во Саудиска Арабија.
Рим, 18 јануари 2025 (МИА) - На Масимилијано Алегри му се нуди голем договор во Саудиска Арабија.
Според „Corriere dello Sport“, Ал Ахли на италијанскиот тренер му нуди 2-годишен договор вреден 50 милиони евра.
Последната работа на Алегри беше во Јувентус, кој го напушти во мај 2024 година.
По 15 натпревари Ал-Ахли е на 5. место во првенството на Саудиска Арабија. Во тимот на Ал-Ахли играат Роберто Фирмино, Ријад Марез и Франк Кеси. зс/
Фото: ЕПА