Алвеш е ослободен со кауција во очекување на жалбената одлука
- Адвокатите на поранешниот фудбалер на Севилја и на Барселона, Дани Алвеш, платија кауција од еден милион евра. Фудбалерот е пуштен со кауција во очекување на жалбата по 14 месеци минати во притвор, објави „Marca“.

Барселона, 25 март 2924 (МИА) - Адвокатите на поранешниот фудбалер на Севилја и на Барселона, Дани Алвеш, платија кауција од еден милион евра. Фудбалерот е пуштен со кауција во очекување на жалбата по 14 месеци минати во притвор, објави „Marca“.
Претходно беше објавено дека семејството Алвеш има намера да земе заем од 1 милион евра, кој е потребен за да се плати кауција на суд.
На 22 февруари, судот во Барселона го осуди 40-годишниот Алвеш на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во каталонската престолнина во 2022 година.
Бразилецот добил наредба да плати и 150 илјади евра на жртвата во вид на морална отштета. зс/
Фото: ЕПА