• сабота, 23 ноември 2024

Алба: Сакам да останам во Барселона и тука да ја завршам кариерата

Алба: Сакам да останам во Барселона и тука да ја завршам кариерата
Барселона, 13 ноември 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба проговори за својата иднина во каталонскиот клуб. - Никогаш не сум добил понуда од Интер или од кој било друг клуб. Отсекогаш сакав да играм во Барса. Сакам да останам и да ја завршам кариерата тука. Но, ќе си заминам на денот кога ќе сметам дека повеќе ги немам квалитетите кои му се потребни на овој клуб, го цитира Алба новинарот Фабрицио Романо. Претходно беше објавено дека 33-годишниот фудбалер е еден од главните кандидати за продажба во јануарскиот преоден рок, бидејќи клубот верува дека неговото сегашно ниво на игра не се совпаѓа со неговата плата. Тренерот на Барселона, Чави ги поддржа плановите на раководството и ја одобри разделбата со Алба. Договорот на дефанзивецот со клубот е со важност до летото 2024 година. Оваа сезона забележа 12 настапи за клубот во сите натпреварувања и имаше две асистенции. зс/

Остани поврзан