• среда, 25 декември 2024

Садики Шаини: Албанската опозиција не учествуваше на координација кај Џафери, почнуваме со бојкот на Собранието

Садики Шаини: Албанската опозиција не учествуваше на координација кај Џафери, почнуваме со бојкот на Собранието

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промена со неучеството на денешната редовна координација кај спикерот Талат Џафери го почнува бојкотот на работата на Собранието, изјави за МИА координаторката на пратеничката група Сафије Садики Шаини.

Садики Шаини нагласува дека тие ќе продолжат и со други правни мерки за бојкотирање на работата на Собранието, доколку не биде изгласан нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија - Абдуш Демири.

-Доколку точката за нашиот член на ДИК не биде изгласана на пленарна седница, ќе ја бојкотираме работата во Собранието. Првиот чекор од бојкотот е неучество на координацијата. За информација, на секоја координација со претседателот на Собранието го имам поставено прашањето за нашиот член во ДИК, но Талат Џафери секој пат со образложение и објаснувања, со еден збор, го саботира и манипулира членот на албанската опозиција, рече Садики Шаини.

Доколку местото во ДИК остане непополнето, потенцира таа, ќе бидеме принудени да користимие други мерки, како што вели, блокирање на избирачките места во Тетово и Чаир.

-Во однос на вашето прашање, постојат многу правни средства со кои можеме да го бојкотираме Собранието. Ако дојде до таа точка ДИК да остане непополнета, односно без наш член, тогаш сме принудени да го заштитиме гласот на нашите граѓани, а тоа може да не принуди да користиме други методи, како на пример блокирање избирачки места во Тетово и Чаир, истакна Садики Шаини за МИА.фф/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан