• сабота, 06 декември 2025

Албанезе повика на воведување ембарго за оружје и прекин на трговските врски со Израел

Албанезе повика на воведување ембарго за оружје и прекин на трговските врски со Израел

Женева, 3 јули 2025 (МИА) – Специјалната известувачка на Обединетите нации за палестинските територии, Франческа Албанезе, денеска ги повика државите да воведат ембарго за оружје и да ги прекинат трговските и финансиските врски со Израел, за кој таа наведе дека води „геноцидна кампања“ во Газа.

Во говор пред Советот на Обединетите нации за човекови права, претставувајќи го својот најнов извештај, Албанезе го обвини Израел дека е одговорен за „еден од најсуровите геноциди во современата историја“.

Израел ги отфрли обвинувањата за геноцид во Газа, повикувајќи се на своето право на самоодбрана по смртоносниот терористички напад на Хамас на 7 октомври 2023 година. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан