Акција на Црвен крст Куманово за справување со топлотниот бран
- Членовите на клубот на млади од Црвениот крст Куманово, деновиве спроведуваат акција за делење флаширана вода за случајните минувачи низ централното градско подрачје, соопштија денеска надлеж

Куманово, 23 јули 2022 (МИА) - Членовите на клубот на млади од Црвениот крст Куманово, деновиве спроведуваат акција за делење флаширана вода за случајните минувачи низ централното градско подрачје, соопштија денеска надлежните од организацијата.
- Општинска организација Куманово и клубот на млади, на Градскиот плоштад и централното градско подрачје подели 320 шишиња со вода кои беа добиени како претходна донација. Целта на оваа акција беше да се дадат препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како да постапуваат при високи температури и им се укажуваше на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје. Оваа акција се планира да продолжи и во текот на наредниот период додека траат високите температури, соопштија од Црвен крст Куманово.
Вчера и здравствен дом Куманово на градскиот плоштад организираше акција „Здравје за сите“ која опфати бесплатни превентивни прегледи, мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта. Воедно лекарите ги советуваа граѓаните за заштита од топлотен бран и одржување на физичкото и ментално здравје.
- Граѓаните на Куманово изразија голем интерес за превентивни прегледи и совети дадени од медицинскиот тим на Здравствен дом. Лекарите дадоа насоки за почитување на општи мерки за заштита од топол бран, а хроничните болни редовно да ја земаат пропишаната терапија,во консултација со матичните лекари, информираа од Здравствен дом Куманово.ам/вј/
