• недела, 01 февруари 2026

Акција на Царината во Струга: Запленети тутунски производи од малопродажен објект, избегната акциза од 509 000 денари

Акција на Царината во Струга: Запленети тутунски производи од малопродажен објект, избегната акциза од 509 000 денари

Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга, соопшти Царинската управа.

При контролата пронајдени се 1 027 кутии цигари, 1 387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички.

Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.

Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и заштита на здравјето на граѓаните. мч/вј/

фото: Царинската управа 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан