• вторник, 24 декември 2024

Акција за уредување на зелени површини на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Акција за уредување на зелени површини на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово
Куманово, 16 септември 2022 (МИА) - Граѓани, екипи на „Чистота и Зеленило“ и осудени лица од затворот Кшање денеска чистеа на локација на булеварот „Октомвриска револуција“. Претходно станарите се жалеа дека е нерасчистено и стравуваа од змии. - Интенцијата на граѓанската иницијатива е расчистувањето на јавните зелени површини да биде вметнато во годишниот план за работа на „Чистота и зеленило“, што пак значи редовно одржување. Планираме да продолжиме и понатаму на дел од „Октомвриска револуција“ месната заедница „Панче Пешев“, изјави Бобан Кипријановски од граѓанската иницијатива која ја иницираше акцијата. Жителите велат дека е потребно редовно одржување на површините, иако од одговорните им било посочено дека тоа е обврска на станбените домари, но земјиштето е сопственост на државата. - Ние граѓаните ќе организираме акции, но не можеме често. Овде треба редовно чистење, косење на тревата. Апелирам до општината и до „Чистота и Зеленило“ овде да постават корпи за отпадоци, бидејќи отпадоците што ги фрлаат децата, ние станарите ги собираме бидејќи нема корпи. Ова е урбана средина каде што живеат голем дел од кумановци, но не се одржуваат зелените површини. Станарите ќе достават и иницијатива до општината за поставување на детско катче кај комплексот згради, вели Кипријановски. Иницијаторите се заблагодарија на екипите од „Чистота и Зеленило“ од затвор Куманово за помошта во расчистувањето.ам/фф/

Остани поврзан