• среда, 25 декември 2024

Акција за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот

Акција за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот

Скопје, 4 август 2023 (МИА) - Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на утрешниот ден ќе спроведат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациона мрежа, известуваат од ЈП Водовод и канализација.

Како што најавија, овие активности, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа, ќе бидат спроведени во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме во текот на утрешниот ден. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје истакнаа дека се подготвени за интервенции и навремени реакции и во текот на утрешниот ден, во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог, со цел задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје. сан/ац/

Фото: ЈП Водовод и канализација

Остани поврзан