• сабота, 21 декември 2024

Акција за бесплатен скрининг на дојка за жените од Гевгелиско

Акција за бесплатен скрининг на дојка за жените од Гевгелиско
Гевгелија, 5 јануари 2021 (МИА) - Пред празниците почна, а по нив во Општата болница во Гевгелија продолжи акцијата за бесплатен скрининг на дојка на жените од општините Гевгелија, Богданци и Дојран. Од гевгелиската болница информираат дека оваа акција доаѓа по податоците од Клиниката за онкологија во Скопје, каде дури 40 отсто од жените со рак на дојка се токму од овој регион, посочувајќи дека ова е фрапантен показател. Надлежните посочија дека заради пандемијата и ризикот од ширење на заразата, конечно почна со реализација активноста што е дел од прекуграничниот проект во областа на здравството кој се спроведува со помош на ЕУ преку ИПА-програмата. - Првите термини за скрининг се резервирани за жените од конфекциите од Богданци и Стојаково со кои претходно се одржаа едукативни состаноци за женското здравје и ракот на дојка како најраширена малигна врста на заболување кај женската популација,а потоа ќе закажеме нови термини за скрининг кои,поради состојбата со пандемијата од Ковид-19,ќе ги спроведуваме само во викенд деновите, рече д-р Митко Крџев, директор на болницата во Гевгелија. Директорот Крџев очекува во првиот бран со скрининг на дојка да бидат опфатени околу 600 жени и најави дека следните термини можно е да се закажуваат преку матичен лекар. им/фф/

Остани поврзан