Акциска контрола на подрачјето на Битола, прекршоци за проституција и за пријавување на живеалиште
- Констатирани се прекршоци за проституција и за пријавување живеалиште и престојувалиште при вчерашната акциска контрола спроведена на подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) - Констатирани се прекршоци за проституција и за пријавување живеалиште и престојувалиште при вчерашната акциска контрола спроведена на подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, известуваат од Министерството за внатрешни работи.
-На 16.09.2023 во времето од 20.00 до 24.00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола, при што е констатирано дека Н.Џ.(50) од Битола сторила прекршок „оддавање на проституција“ казнив по чл.19 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, а при контрола во два хотели во битолско констатирани се два прекршоци по чл.15 од законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, велат од МВР.
Оттаму информираат дека по документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. сх/лв/
Фото: МИА Архива