• понеделник, 23 декември 2024

Активност на СВР – Охрид за превентивна заштита на граѓаните од џебни кражби и измами

Активност на СВР – Охрид за превентивна заштита на граѓаните од џебни кражби и измами

Охрид, 29 октомври 2024 (МИА) – „Заштита од џебни кражби и измами“ е новата проектна кампања што Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи од Охрид започна да ја реализира на целото подрачје што го покрива.

Проектните активности стартуваа на повеќе локации во Охрид , каде полициски службеници остваруваа куси средби и разговори со граѓани, на кои беа  посочени можните форми и начини на вршење на односните кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти.

На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со низа практични совети, со цел заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и  зголемување на безбедносната култура.

Проектната активност ќе биде реализирана и на подрачјето на Струга, Кичево и Дебар и е во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата“, што подразбира градење посилен партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните во спречување, намалување, откривање и решавање на безбедносните проблеми и предизвици. аб/аа/

Фото: СВР Охрид

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан