Активности во Охрид за одбележување на Неделата на борба против малигните заболувања
- Под мотото „Превенцијата спасува животи“ активистите на охридската организација на Црвениот крст организираат активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
Охрид, 2 март 2026 (МИА) – Како дел од активностите во здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот, од 1 до 8 март под мотото „Превенцијата спасува животи“ активистите на охридската организација на Црвениот крст организираат активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
Во таа насока, Црвен крст - Охрид организира предавање за малигните заболувања со акцент на рак на простата што ќе се реализира денеска од 11 часот во просториите на Црвениот крст.
Инаку, секоја година во светот над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава годишно се откриваат преку шест илјади нови случаи на заболени од рак.
Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40 проценти од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики. аб/дма/
Фото: плакат