Актерот Борис Чоревски засади дрвце во Алеја на наградените за животно дело во Битола
- Доајенот на Народен театар-Битола, актерот Борис Чоревски, годинешен добитник на највисокото општинско признание за животно дело, наградата „4 Ноември“, засади дрвце во Алејата на добитниците на наградите за животно дело.
Битола, 19 декември 2024 (МИА) - Доајенот на Народен театар-Битола, актерот Борис Чоревски, годинешен добитник на највисокото општинско признание за животно дело, наградата „4 Ноември“, засади дрвце во Алејата на добитниците на наградите за животно дело.
Според востановената традиција, на чинот на засадување учествуваше градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈП „Комуналец“-Битола, Горан Степановски.
Градоначалникот Коњановски истакна дека во блиска иднина ќе се исправи неправдата кон сите останати добитници на наградата за животно дело кои пред 2018 година не засадиле, и да се засадат дрвца во Алејата на добитници на наградата за животно дело. Актерот Чоревски, пак, уште еднаш јавно се заблагодари што стана добитник на наградата како признание на тоа што го направил во Битола. мт/сст/
Фото: Општина Битола