• среда, 27 ноември 2024

Актерката Стојановска ослободена од обвинението за шверц на дрога

Актерката Стојановска ослободена од обвинението за шверц на дрога

Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Актерката Силвија Стојановска е ослободена од обвинението за транспорт на дрога, потврдија за МИА од Основен Кривичен суд - Скопје.

Откако Апелација го врати предметот, на повтореното судење судијата Огнен Ставрев истакнал дека јавниот обвинител не докажал дека Стојановска го сторила кривичното дело за кое се товари.

Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ беше првостепено осуден на седум години затвор, а Апелациониот суд му ја зголеми казната на 12 години. ар/цр

Остани поврзан