• сабота, 23 ноември 2024

Ако почвените услови дозволуваат, земјоделците да продолжат со резидбата на виновата лоза и овошките

Ако почвените услови дозволуваат, земјоделците да продолжат со резидбата на виновата лоза и овошките

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Врнежите од дожд кон крајот на минатата недела беа добродојдени за надополнување на влага во почвата, особено за есенските посеви, велат агрометеоролозите. Според нив, ако почвените услови дозволуваат, земјоделците треба да продолжат со резидбата на виновата лоза и овошките, да ги подготват површините во пластеничкото проиводство и евентуално, да ги прихрануваат есенските култури.

-Освен добра залиха на влага за идниот вегeтациски период, врнежите придонесуваат и за надополнување на вештачките акумулации, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

До сабота времето ќе биде претежно сончево на повеќе места со негативни утрински температури. Зголемена облачност ќе има од недела, а од почетокот на следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Минималната температурата ќе се движи во интервал од -6 на повисоките места, до 6 степени, а максималната ќе биде од 7 до 17 степени. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан