Академија Пандев со ново засилување во средниот ред
- Адис Хаџановиќ е нов играч на Академија Пандев, објави клубот.

Струмица, 16 август 2021 (МИА) - Адис Хаџановиќ е нов играч на Академија Пандев, објави клубот.
Хаџановиќ е босански интернационалец кој доаѓа од тимот ФК Олимпик Сараево и претставува ново засилување во средниот ред на тимот на Академија Пандев.
Покрај Олимпик, 28 годишниот фудбалер има играно за Тузла Сити, Слобода Тузла, Витез, Истра од Црна Гора, Сегеста Сисак и Истра од Хрватска, како и естонски Номе Калју и египетски Ал Ахли.
Претходно, Академија Пандев се засили и во одбранбените редови со ангажирањето на Фарук Бихорац. ар/вј/