„Академија Пандев“ со ново засилување во одбраната
- Фарук Бихорац е новиот играч на Академија Пандев. Како што соопштија од клубот, централниот одбранбен играч е најновото засилување на тимот.

Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Фарук Бихорац е новиот играч на Академија Пандев. Како што соопштија од клубот, централниот одбранбен играч е најновото засилување на тимот.
- Тој ја доби потребната документација и се стекна со право за настап на следниот натпревар против ФК Работнички, информираат од клубот.
Натпреварот ќе се одигра во недела со почеток од 20 часот.
„Академија Пандев“ неодамна се засили и со фудбалерот Осуман Маронг од Црвена Ѕвезда. ар/