• вторник, 24 декември 2024

АИ: Во Европа има „системски навлегувања и ограничувања“ на слободата на собирање и здружување

АИ: Во Европа има „системски навлегувања и ограничувања“ на слободата на собирање и здружување

Лондон, 9 јули 2024 (МИА) – Организацијата за човекови права „Амнести интернешанал“ (Amnesty International) во најновиот извештај сигнализира на „системски навлегувања и ограничувања“ на слободата на собирање и здружување во многу европски земји.

Во извештајот под наслов „Ситуацијата со правото на протести во 21 земја во Европа“ откриен е „континентален модел на репресивни закони, употреба на непотребна или прекумерна сила, произволни апсења и гонења“, како и „неоправдани или дискриминаторски ограничувања.

Истражувањето е спроведено во  Австрија, Белгија, Чешка, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција и Велика Британија.

АИ посочува и на зголемување на „надзорната технологија која продира во личниот простор“, што доведува до „систематско ограничување на правото на протест“.

Во извештајот се наведени голем број примери на прекумерна или непотребна полициска сила за време на протестите во периодот од 2020 до септември 2023 година, вклучително и случаи кои ескалирале во тортура. Исто така наведе се примери на „полициска неказнивост“ во најмалку 13 од 21 земја, вклучително Германија, Франција, Италија, Швајцарија, Велика Британија и Турција.

Организацијата за човекови права ја критикува тенденцијата за клеветење на демонстрантите и честото претставување на мирен граѓански протест како закана за јавната безбедност и ред.

АИ посочува дека властите во Германија, Италија, Шпанија и Турција, на пример, ги означуваат климатските активисти како „еко-терористи“ или „криминалци“ односно климатските активисти во овие земји подлежат на регулативи и закони за тероризам, борба против организираниот криминал и заштита на националната безбедност. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан