• понеделник, 23 декември 2024

Азија ја пречека Лунарната Нова Година на Змејот

Азија ја пречека Лунарната Нова Година на Змејот

Пекинг, 10 февруари 2024 (МИА) - Луѓето низ цела Азија денеска ја прославија Лунарната Нова Година на Змејот со семејството, фестивали и посети на храмовите.

Жителите на Пекинг отидоа во храмови каде што можеа да присуствуваат на традиционални народни претстави и да запалат миризливи свеќи за добро здравје и среќа во наредната година.

Многу жители на Хонг Конг ја дочекаа новата година облечени во црвено, што се смета за среќна боја во кинеската култура. Освен во Кина, лунарната нова година се слави и во Јужна Кореја, Виетнам и во прекуокеанските кинески заедници.

Во Мјанмар и Малезија, верниците ги посетија храмовите за да се молат за среќа и благослов. Во Дарамшала, Индија, прогонетите тибетски монаси, исто така, учествуваа во церемониите за одбележување на нивната нова година. Лунарната Нова Година е најважниот годишен празник во Кина и секоја година го носи името на еден од 12-те знаци на кинескиот зодијак.

Оваа година е година на змејот, кој е популарен меѓу Кинезите по раѓањето деца, бидејќи многу парови се надеваат дека нивните деца ќе поседуваат извонредни квалитети симболизирани со змејови, вклучувајќи сила, моќ и успех. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан