• петок, 05 декември 2025

Азески добитник на наградата „Менаџер на деценијата во коморскиот систем“

Азески добитник на наградата „Менаџер на деценијата во коморскиот систем“

Скопје, 28 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) Бранко Азески е добитник на наградата „Менаџер на деценијата во коморскиот систем“ - Златна плакета.

Наградата на Азески му се доделува за исклучителен придонес во развојот на коморскиот систем, јакнење на регионалната соработка и бизнис без граници.

Наградата, како што информира Стопанската комора, ќе му биде врачена на 3 јули на свеченост во Сараево, а Азески ќе зборува и на форумот „Вештачката интелигенција во бизнисот", што ќе се одржи истиот ден.

Азески во 2013 година беше прогласен и за „Менаџер на годината", а Стопанската комора за „Најкомора во регионот".

Овие награди, секоја година, ги доделува Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешните деловни лугје и компании во регионот, како поттик и признание на бизнисмените за регионалниот развој. бак/

Фото: Стопанска комора

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан