• понеделник, 23 декември 2024

Азербејџан го одреди 10 ноември како Национален ден на победата

Азербејџан го одреди 10 ноември како Национален ден на победата

Баку, 2 декември 2020 (МИА) - Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска потпиша указ со кој се одредува Денот на победата, кој ќе се слави секоја година на 10 ноември, денот кога завршија воените дејства во Нагорно Карабах. „Секоја година, празнувајте го 10 ноември како Ден на победата во Република Азербејџан “, се наведува во документот објавен на веб-страницата на шефот на државата.

На 9 ноември рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан потпишаа заеднички договор за целосен прекин на воените дејства во Нагорно Карабах, што започнаа на 27 септември.

Според договорот, Азербејџан и Ерменија ќе ги заземат своите окупирани позиции, а во регионот ќе бидат стационирани 1.960 руски мировници.

Остани поврзан