• петок, 26 јули 2024

Аеродромот во Канбера затворен поради пожар во негова близина

Аеродромот во Канбера затворен поради пожар во негова близина
Канбера, 23 јануари 2020 (МИА) - Австралиските власти денеска го затворија аеродром во главниот град Канбера, откако два пожари во негова близина се споија во еден неконтролиран пожар. Властите им рекле на жителите и вработените во околните објекти дека е доцна за евакуација. Во стотици пожари во Австралија кои горат од септември загинаа 29 луѓе и околу милијарда животни, уништени се 2.500 куќи, а вкупната површина погодена од пожарите е голема како третина Германија. јт/

Остани поврзан