Аеродромот „Бен Гурион“ близу Тел Авив продолжи со работа
- Аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив продолжи со работа, соопштија претставници на аеродромот.
Тел Авив, 25 август 2024 (МИА) - Аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив продолжи со работа, соопштија претставници на аеродромот.
На аеродромот привремено во текот на ноќта беше прекинато одвивањето на авиосообраќајот поради гранатирање на либанското шиитско движење Хезболах врз Израел и превентивнит напад на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз целите на групата на либанска територија, пренесоа агенциите.
Аеродромот „Бен Гурион“ продолжи со работа во 7 часот по локално време (04:00 часот по Гринич), изјави портпаролот на аеродромот. рп/
Фото: МИА архива