• сабота, 23 ноември 2024

Адријана Лима бремена се врати на модната писта

Адријана Лима бремена се врати на модната писта
Лос Анџелес, 21 април 2022 (МИА) - Адријана Лима се врати на модната писта два месеци откако објави дека го чека своето трето дете. Таа, имено, беше дел од модната ревија на Александер Ванг под наслов „Градот на среќата“ (Fortune City) во Лос Анџелес. Носеше исечен фустан и чизми до над колена, залижана коса, а изгледот го надополни со темен кармин и златни обетки. Во шоуто учествуваа и Алесандра Амбросио, Кендис Свонпул и Амелија Греј Хамлин. https://twitter.com/i/status/1516751808902881282 Во февруари таа на Тик-ток објави дека очекува дете со Андреа Лемес. Во видеото кое во понеделникот го објави на Инстаграм, таа откри дека овојпат се работи за момче. Лима и Лемерс ја официјализираа својата врска минатата година на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Познатата манекенка ги има ќерките Валентина (12) и Сиена (9) од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Тие се разведоа во 2016 година.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан