• вторник, 24 декември 2024

Адмирал Радакин: Путин не сака директен судир со НАТО

Адмирал Радакин: Путин не сака директен судир со НАТО

Лондон, 3 јуни 2024 (МИА) - Началникот на британскиот Генералштаб, адмирал Тони Радакин, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не сака директен конфликт со НАТО и нуклеарна војна, оценувајќи дека Украина ќе победи во војната со рускиот агресор. 

Во интервју по повод 80-годишнината од битката за Нормандија, адмиралот Радакин ги спореди напорите на сојузниците против нацистичка Германија со денешната поддршка на Западот за Украина. 

-Тоа е економска војна. Тоа е логистичка војна. Тоа е војна на индустриското производство и политичката волја, рече Радакин, додавајќи дека Русија под своја контрола има 11 отсто од украинската територија наспроти 17 отсто од територијата што ја контролираше во март 2022 година. 

На прашањето дали е сигурен дека Украина ќе ја добие војната, Радакин кажа дека е „многу самоуверен“ дека тоа ќе се случи. 

-До крајот на јуни вкупните загуби на Русија ќе бидат 500.000 луѓе, ранети и убиени. Веќе поминавме 800 дена во војната што Путин очекуваше да трае три дена, рече тој.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан