• сабота, 16 ноември 2024

Адмирал Купер: Иран директно вклучен во нападите на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море

Адмирал Купер: Иран директно вклучен во нападите на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море

Ерусалим, 22 јануари 2024 (МИА) - Иран бил „директно вклучен“ во нападите на јеменските Хути врз бродовите во Црвеното море и Аденскиот залив за време на војната меѓу Израел и Хамас, изјави адмирал Бред Купер, главниот командант на американската морнарица на Блискиот Исток.

Купер не го обвини официјален Техеран дека стои директно зад нападите на Хутите, туку тврди дека нападите поврзани со Иран се зголемиле во однос на претходниот период и дека се прошириле од закана само за Персискиот Залив до водите низ Блискиот Исток.

Мисијата на Иран во ОН не одговори веднаш на тврдењата на Купер, ниту раководството на Хутите во главниот град на Јемен, Сана.

Командантот на морнарицата ја наведе заканата од иранските полномошници од Црвеното Море до далечните делови на Индискиот Океан. САД го обвинуваат Иран за неодамнешните напади со беспилотни летала врз бродови.

Од ноември, Хутите поддржани од Иран извршија најмалку 34 напади на бродови во водните патишта што водат до Суецкиот канал, главна рута за товар од Азија и Блискиот Исток до Европа.

Хутите, шиитска бунтовничка група која ја контролира Сана од 2014 година, е во војна со коалицијата предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува официјалната влада на Јемен со седиште во пристанишниот град Аден. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан