• среда, 25 декември 2024

Администрацијата на Бајден инвестира 1,7 милијарди долари во производство на електрични возила

Администрацијата на Бајден инвестира 1,7 милијарди долари во производство на електрични возила

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Американското Министерство за енергетика денеска соопшти дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден одвоила 1,7 милијарди долари за претворање на неодамна затворените или проблематичните фабрики за автомобили во погони за производство на електрични возила или компоненти за тие возила.

Тие објекти се наоѓаат во осум американски држави - во Мичиген, Охајо, Пенсилванија, Џорџија, Илиноис, Индијана, Мериленд и Вирџинија.

Според надлежните, со овој проект ќе се сочуваат околу 15.000 загрозени работни места и ќе се отворат 2.900 нови работни места. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан