• сабота, 23 ноември 2024

Адеми привремено ја напушти репрезентативната база за да потпише со Динамо

Адеми привремено ја напушти репрезентативната база за да потпише со Динамо

Скопје, 6 септември 2023 (МИА) – Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми (32) поради приватни обврски поврзани со продолжување на клупската кариера утре наутро заминува за Загреб и откако ќе ги реши административните прашања ќе се стави на располагање на националниот тим за натпреварите против Италија и Малта, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Паралелно со ова хрватските медиуми пренесуваат дека Адеми утре ќе потпише договор со Динамо Загреб и ќе се врати во тимот од кој пред шест месеци замина за кинескиот прволигаш Пекинг Гуан со кој се обврза на верност до 2025 година.

ФФМ соопшти дека одлуката Адеми привремено да ја напушти репрезентативната база во Скопје е донесена во договор со селекторот Благоја Милевски.

- Нашиот предводник се надева дека Адеми ќе биде на располагање за настап против Италија, односно повредата нема да го спречи да даде придонес во натпреварите против европскиот првак, Италија и мечот со Малта, се наведува во соопштението на ФФМ.

Адеми и се приклучи на почетокот на оваа недела на македонската репрезентација и покрај повредата на листот на левата нога, поради која одигра само пет минути на последниот натпревар од првенството во Кина. ег/аа/

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан