• среда, 25 декември 2024

Адеми: Поседувањето валидни документи е основ за стекнување државјанство

Адеми: Поседувањето валидни документи е основ за стекнување државјанство
Скопје, 31 март 2021 (МИА) - Пратеникот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на денешната прес-конференција во парламентот информира дека во моментот се разгледуваат вкупно 2.674 барања за државјанство.

- Поседувањето на валидни документи во Управата за водење со матични книги е суштината на преговорите во функција на креирање основ за стекнување на државјанството. Ппроцесот е веќе започнат и тоа во соработка со Управата за водење со матични книги, МВР и Министерството за правда.   Во 2019 година имало само 426 Албанци во постапка за стекнување на државјанство. Во 2020  нивниот број бил 440, а во првите три месеци од оваа година има 103 апликации. Во последните 4 години доделени се државјанства на 2.371 Албанци, а вкупно 223 се одбиени, посочи тој.

Адеми потенцира дека за време на владеењето на ДУИ издадени се над 13.000 државјанства 

Тој истакна дека пред само една недела 100 Албанци положија испит за јазик и се во процедура на стекнување на државјанствофф/сп/

Остани поврзан