• вторник, 24 декември 2024

Адеми: ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии го блокираат Законот за игри на среќа

Адеми: ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии го блокираат Законот за игри на среќа

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Пратеникот и потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми на прес-конференција попладнево истакна дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии се обидуват да го блокираат усвојувањето на Законот за игри на среќа. 

Тој соопшти дека со законското решение се предвидува казината, обложувалниците и другите објекти на среќа да се оддалечени 500 метри од основните и средните училишта. Посочи дека се предвидуваат и построги критериуми за добивање лиценца и отворање на вакви објекти. 

Потсети дека во 2021 година Владата доставила Предлог- закон за игри на среќа, а на матичната Комисија за финансирање и буџет никогаш не бил разгледан затоа што е раководен од кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

- Овој Закон не виде бел ден за да се дискутира, за да се одлучи врз основа на аргументите, но на некому му пречи донесувањето на вакво законско решение. Алијанса за Албанците пред повеќе од една година достави предлог-закон за игри на среќа, но до ден денес не е разгледан во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа сакаат да го направат и со Комисијата за европски прашања, рече Адеми. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан